Црна хроника
Сопствениците на кафе барот ќе одговараат за смртта на тројцата стружани
Полицијата синоќа ги приведе тројцата косопственици на кафе – барот „Пливалиште“, каде во саботата од струен удар починаа тројца стружани
Против триесетгодишниот Ц.В., триесет и едногодишниот К.М. и дваесет и деветгодишниот Г.Ј., тројцата од Струга ќе биде поднесена кривична пријава за тешки дела против општата сигурност.Стручната екипа која направила увид на шанкот и на платформата, констатирала нестручно и непрописно изведување на електроинсталацијата на објектот, односно на електричниот кабел кој од контролното броило водел до светилката – фенер на централниот дел од платформата.Поради тоа, дошло до електричен спој кој струјата ја пренел до металната конструкција на платформата и држачите на скалите што е причина за смртта на трите лица.Еден од сопствениците, триесетгодишниот Ц.В. признал дека тој лично ја поставил електричната инсталација, односно го поврзал електричниот кабел од контролното броило до светилката каде всушност се случил електричниот спој.„Шанкот во комплексот Пливалиште, работел без никаква документација односно бил нелегален угостителски објект“ соопштува МВР.Во саботата попладне во кафебарот „Пливалиште“ во центарот на Струга починаа Јосиф Докоски, Кире Ѓоргоноски и Јонче Кувенџиески-Шишко.Според полицијата, околу 14 часот, еден од сега починатите, се упатил кон езерото во близина на шанкот и платформата.Откако тој не се вратил, кон истото место се упатиле и другите двајца.Обдукцискиот наод покажал дека смртта настанала од електричен удар.Тројцата пријатели вчера беа погребани во Струга, а денеска во нивниот град е прогласен Ден на жалост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Обвинение за семејно насилство врз бремена девојка во Свети Николе
Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно насилство, ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка.
„Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја.
Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител“, велат од Обвинителството.
Топ
Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја
Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ.
Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница, извести МВР.
Фото: МВР
Топ
Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование.
На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата. На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање – доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата.

