Црна хроника
Адвокат тврди дека притворените во „Метастаза” биле уценувани
Судскиот процес “Метастаза“ по два дена судење почна од почеток, бидејќи вчера на една од поротничките и се слоши, денеска не се појави во судницата таа беше заменета со нов поротник. Поради тоа судењето почна повторно со сослушување на обвинетите
Откако кратко беа сослушани првите тројца четвртообвинетиот Љупчо Бутевски ги изненади присутните бидејки реши да молчи. Според законот има право да не даде изјава. Тој по трет пат од започнувањето на истрагата и судењето не сака да зборува. „Што и да кажам никој нема да ми верува”, кажа Бутевски и одби да зборува било што. Во тој момент адвокатот Александар Тортевски сакаше да го праша обвинетиот дали полициски инспектори му нуделе спогодба за да го пуштат од притвор. Според адвокатот на обвинетиот му биле давани документи само за тој да зборува против другите обвинети и да ги наклевети за криминал. Судскиот совет ваквото барање не го дозволи а Бутевски упорно не сакаше да зборува.По него, беа сослушувани членови на комисиите во Фондот , лекари кои давале мислење за здравствената состојба на пациенти кои барале инвалидски пензии. Тие тврдат дека работеле легално и професионално.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

