Црна хроника
Уште 21 икона украдени од црква во струшко село
Украдена е 21 икона од една од најстарите цркви во струшкиот регион „Свети Анастасиј“, во струшкото село Луково, што е уште една од серијата кражби во цркви во Струшкиот регион
Кражбата ја забележале и ја пријавиле локални жители кои случајно минувале и ја виделе надворешната врата на црквата отворена.За неколку месеци ова е втора кражба на икони во ова село, по кражбата на црквата „Свети Ѓорѓија“.Петходно беше ограбена црквата „Свети Спас“ во планинското село Буринец од каде крадците однеле две илјади денари, колку што во тој момент имало во објектот. Арамиите влегле насила со кршење на бравата од металната врата, додека од црквата „Света Богородица Пречиста“ во Локов влегле со кршење на бравата од дрвената врата на објектот од каде однеле една икона.Од Министерството за внатрешни работи велат дека се ангажирани на расветлување на случајот и евентуалното пронаоѓање на крадците за кои се претпоставува дека се дел од организирана група. Испитувањето на терен одело тешко поради оддалеченоста на двете села сместени во планината Јабланица.Полицијата пред во мај годинава откри добро организирана група од Албанија која долго време вршела кражби на икони и други вредни предмети од црквите во Струга од кои беа однесени повеќе од 80 вредни икони од 18 и 19 век.Во септември минатата година беше оргабена црквата „Свети Никола“ во Вевчани која од беа украдени четири икони, два метални крста, како и три примероци на Евангелието, еден сребрен Путир и други поситни предмети. Станува збор за една икона од свети Јован Крстител од 18-ти век, една руска икона од 19-ти век и една икона со ликот на Пресвета Богородица.Претходно истот месец во 2009 г., непознати сторители извршија грабеж во уште три цркви во села од струшкиот атар, притоа одземајќи вредни стари икони. Ограбени беа двете цркви во селото Јабланица и една црква во селото Безево. Од црквите „Света Богородица“ и „Свети Мартинија“ во Јабланица се украдени седум и пет икони, додека од црквата „Свети Великомаченик Димитрија“ од Безево, пет икони. Провалниците тогаш украле и помала сума пари.Меѓу украдените икони се наоѓа и особено вредната што ја изработил познатиот зограф Дичо околу 1824 г.Претходно во периодот меѓу 30-ти и 5-ти септември 2009 г. во Струшко беа ограбени и црквите „Свети Архангел Михаил“ во Ташмаруништа и црквата „Света Богородица“ во селото Долна Белица. На 6-ти септември во „Свети Архангел Михаил“ во Ташмаруништа беше откриено дека се украдени девет икони и две позлатени царски двери.Извори од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат опсежни мерки за откривање на ограбувачите на црквите. Најверојатно иконите се’ уште се наоѓаат во државата, засега нема потврда дека некои од овие вредни историски дела и предмети се пронајдени во полициската акција „Фаланга“ во која беше откриен синџир за илегална трговија со артефакти и уметнички предмети, за што во притвор се 23 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Обвинение за семејно насилство врз бремена девојка во Свети Николе
Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно насилство, ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка.
„Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја.
Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител“, велат од Обвинителството.
Топ
Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја
Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ.
Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница, извести МВР.
Фото: МВР
Топ
Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование.
На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата. На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање – доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата.

