Црна хроника
23-годишен пешак од Скопје тешко повреден по удар од автомобил

Синоќа, во 23.50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата 12. Македонска бригада, пред крстосницата со улицата Архитект Сотир Томовски во Скопје, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З. Д. (50) од Скопје, удрило во пешакот С. К. (23) од Скопје.
Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Трагедија во Прилепско: 13-годишно дете загина во судир на два мопеди во Лажани

Тринаесетгодишно дете го загуби животот, а 14-годишник е тешко повреден во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера утрината во прилепското село Лажани. Несреќата се случила околу 08:50 часот, при судир на два мопеда без регистарски таблички, марка бенели и пежо, управувани од малолетници, двајцата жители на истото село.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, судирот се случил на локален пат, при што 13-годишниот возач починал од здобиените повреди. Смртта била констатирана во Градската болница во Прилеп. Вториот учесник во несреќата, 14-годишно момче, е хоспитализиран со тешки телесни повреди, но се наоѓа надвор од животна опасност.
На местото на настанот извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп. Телото на починатото дете е предадено на обдукција.
Црна хроника
Приведен крадец кој ограбувал каса во продажен објект

Кавадарчанец бил приведен но полиција откако бил фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера попладне во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, го лишиле од слобода кавадарчанецот Ј.Ф.(22) , кој во продажен објект во градот бил фатен од вработен, во обид да одземе пари од касата во објектот. Ј.Ф. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Црна хроника
Приведени Украинки, Србинки и Албанки во угостителски објект на патот Тетово-Гостивар

Ноќеска во периодот од 00.20 до 02.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, извршиле акциска контрола во угостителски објект со локација покрај патот Тетово-Гостивар при што биле пронајдени и приведени пет странски државјанки кои злоупотреба на туристичиот престој во земјава.
-При контролата на угостителскиот објект поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава спротивно на целта, биле приведени пет странски државјанки од Р.Украина, Р. Србија и Р.Албаниа, на возраст од 28 до 37 години, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.