Црна хроника
На „Александар Велики“ запленети 40-ина парчиња златен накит од Misaki
Во четвртокот царинските работници на испоставата Аеродром Скопје, откриле и заплениле 39 парчиња скапоцен накит соопштија од Царинската управа
Како што се наведува во соопштението од Царинската управа, вкупно биле отркиени 39 парчиња накит, и тоа девет прстени, две нараквици, пет чифта обетки и осум ѓердани. Накитот е со потекло од Монако, a бил наменета за увозник од Скопје. Засега нема информации за вредноста на илегално внесениот накит, ниту, пак, дали станува збор за веќе претходно разработен синџир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

