Црна хроника
Милошоски: За да се дојде до компромис потребен е дијалог, а не црвени линии
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски очекува по денешното обраќање пред Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур да биде распрашуван и за спорот со името кој и е наметнат на Македонија од страна на нејзиниот јужен сосед Грција
За проблемот кој директно се однесува и на македонскиот пат кон ЕУ, Милошоски ќе разговара и со шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле.Во изјава за радио Дојче веле, Милошоски ја појаснува македонската позиција во однос на спорот со името.„За да се случи компромис, мора да има дијалог, а во тој дијалог ако сакаме да имаме продуктивност, не смее да бидеме врзани или ограничени, или самиот дијалог да го попречуваме со изложување црвени линии. Мора да бидеме отворени, продуктивни и да бидеме подготвени да направиме прагматични чекори за да стигнеме до одредено решение по ова прашање, рече шефот на македонската дипломатија.Република Македонија, вели Милошоски, смета дека меѓународнотот право е добра основа за да се бара тоа решение и оти принципите на ОН и почитувањето на човековите права и самоидентификување можат да дадат добра рамка за надминување на македонско-грчкиот спор.„Сметаме дека сувереното право на државите и граѓаните како носители на тој суверенитет да одлучуваат за своите суверени белези за своето национално чувство и самоидентификација, мора да бидат принципи кои ќе бидат почитувани и од Македонија и од Грција и од сите други земји членки на ОН. Во тој контекст подготвени сме за дијалог и сметаме дека грчката реторика треба да сооодветствува со пошироката визија за регионот на Југоисточна Европа, изјави Милошоски.На средба со новинари во Стразбур, тој рече дека Македонија се согласува со ставот билатералните проблеми да не се внесуваат во Европската унија, но тоа треба да важи за сите, а не само за едни, бидејќи како услов тие не се ставени во критериумите од Копенхаген. Според Милошоски, самото зачленување во ЕУ може да се искористи како мотивирачкин фактор за надминување и разрешување на некои проблеми и билатерални прашања, наместо истите да бидат заклучени и да го кочат процесот на евроинтеграции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

