Црна хроника
„Цитроен“ прегази три жени, една загина

Автомобил „цитроен“ во вторникто навечер околу 19 часот удрил во три жени, од кои едната починала на лице место, а две се повредени, соопшти МВР
Несреќата се случила на патот Прилеп-Крушево кај селото Славеј, кога „цитроенот“ удрил во трите жени кои стоеле и разговарале крај патот. На лице место починала педесет иосумгодишната Зорка Милошеска, а повредени се шеесетгодишната Славка М. и шеесет ипетгодишната Ратка С. Сите од селото Славеј.Двете повредени жени се пренесени во болница. На местото на несреќата е направен увид и се утврдуваат точните причини за несреќата.Пред само три дена триесет итригодишниот Сабедин Ислами од село Норово загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на преминот Плетвар. Возилото излета од патот и паднало во провалија од 30 метри.Во првите шест месеци на македонските патишта животот го загубиле 69 лица, во јули 19, а за само десетина дена од август на жешкиот асфалт имало 10 жртви.Во 2009 година во сообраќајни несреќи животот го загубиле 160 лица, а во 2008 година, бројката е слична. Тогаш животот го загубиле 162 лица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Наместо да ги евидентира, ги крадела парите: кривична за кумановка која во јавно претпријатие фалскификувала и уништувала деловни книги

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ по чл.354, ст.3, во врска со ст.1 и во врска со чл.45 и „фалсификување или уништување деловни книги“ по чл. 280 ст.2 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од КЗ и против Ј.А. (52) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл.353-в ст.1 од КЗ. М.А. како службено лице, вработена во јавно претпријатие Куманово, на работно место референт/благајник.
Лицето во период од 09.11.2020 до 11.11.2024 во 410 наврати, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, континуирано присвоила вкупно 8.276.434 денари кои и биле доверени во службата, така што парите кои во готовина ги примала од наплатувачи-оператори од наплатни центри на јавното претпријатие наместо сите да ги евидентира и внесува во сметководствена документација и да ги уплати на трансакциска сметка во банка на јавното претпријатие, истата противправно дел од парите ги присвоила и задржала за себе, а во компјутерскиот систем изготвувала документи со преправање и менување-дуплирање на редни броеви и таквите документи, заедно со дел од дневните извештаи-спецификации за кои наменски изготвувала каса прими со дуплиран веќе постоечки број, за да не биде забележана, ги изнесувала од јавното претпријатие и ги уништувала, со што го оштетила јавното претпријатие за 8.276.434 денари.
Додека пак Ј.А., на работно место раководител на Одделение за сметководство и финансова оператива, очигледно несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности на тој начин што пропуштила должен надзор и во текот на работењето не извршила контрола над работењето на М.А. ниту пак извршила усогласување на сметководствената со фактичката состојба, односно проверка и споредба на вкупните износи на пари од наплатени сметки од граѓани и износите на пари внесени на трансакциска сметка во банка на јавното претпријатие, со што и овозможила на М.А. да се стекне со противправна имотна корист, со што придонела за настанување на финансиска штета.
Црна хроника
Мопед излетал од патот во Охрид: возило му го попречил правецот на движење

Вчера во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 ноември“ во Охрид, мопед „кимко“, управуван од Т.Т.(44) од охридското село Куратица, излетал од коловозот.
Патнички автомобил „ровер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(60) од Скопје, кој се вклучувал во сообраќајот, му го попречил правецот на движење.
Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Во сообраќајна незгода во Скопје тешко повредена девојка, која управувала електричен тротинет

Во сообраќајка што се случила во Скопје тешко е повредена девојка која управувала електричен тротинет откако се судрила со автомобил.
Според информациите на МЦР, вчера во 17.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и Кеј „13-ти Ноември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(55) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Д.П.(24) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.