Црна хроника
Кривична пријава за живеење со малолетничка
За три дена живеење со малолетничка , триесет и двегодишен маж кој го присилувал петнаесет-одишното девојче да му биде сопруга, заработи кривична пријава од велешката полиција
Дијана Иванова, од Велес
Триесет идве годишниот велешанец Р.С. заработи кривична пријава затоа што живеел со петнаесет годишно девојче. Тој повеќепати во септември годинава со сила го терал девојчето да остане во неговиот дом и да имаат сексуални односи. Според СВР Велес, обвинетиот девојчето го запознал при една тепачка, кога тоа било нападнато од друго лице и видно вознемирено. Р.С. за наводно да му помогне на преплашеното девојче, го намамил во својот дом. По кратко време кога девојчето сакало да си оди дома, обвинетиот не ја пуштал туку почнал да и изјавува љубов и и велел дека сака да живее со него и да му биде сопруга. Девојчето не се согласило со понудата и по секоја цена сакало да си замине, но насилникот употребил сила и ја спречил во намерата да си оди, заканувајќи му се дека ќе стори нешто лошо. По заканите и физичкиот напад девојчето се исплашило и останало во куќата на насилникот. Тој пак, употребувајќи сила го натерал девојчето на сексуален однос. Истото го направил уште два пати. Последниот пат на 11 септември, девојчето успеало да го убеди да го пушти да си оди дома, бидејќи нејзините родители ја барале. Триесет и две годишниот маж го пуштил девојчето, но ја присил на родителите да им каже дека сака да се омажи со него. Во спротивно се заканил дека со сила ќе ја земе за жена. Две недели подоцна девојчето повторно се сретнало со насилникот на улица со цел да му каже дека повеќе нема да се гледаат. Обвинетиот употребувајќи сила го однел девојчето во својот дом и пак го натерал на сексуален однос.Родителите на девојчето го пријавиле неговото поворно исчезнување.во СВР Велес. Полицијата го пронашла девојчето, а насилникот го привела. По извршениот разговор, тој делумно признал дека бил со 15-годишноот девојче.Инаку Р.С. на велешката полиција и е познат од поодамна како сторител на кривични дела против имотот, јавниот ред и мир и недозволена трговија со дрога, за што му биле изрекувани и затворски казни.СВР Велес до Основното јавно обвинителство против Р.С. поднесе кривична пријава за сторено дело вонбрачен живот со малолетно лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата
Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според пријавеното, таа во јуни 2025 година на жител на струмичко село му дала пари во износ од 2.700 евра, за кои сега барала да му врати несразмерен износ од 15.000 евра.
Имено, вчера оштетениот остварил средба со Ј.Т. на која требало да ѝ плати 100 евра, сума која ја определила како месечна камата за основниот лихварски долг. Во моментот кога ѝ ја дал банкнотата од 100 евра, која била претходно обележана, Ј.Т. е лишена од слобода.
Притоа, бил извршен преглед кај неа и биле пронајдени обележаната банкнота од 100 евра, тетратка и листови хартија на кои ги нотирала износите на парични средства кои ги давала на лица и износите кои како камата требало да ѝ бидат вратени.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што се пронајдени и одземени пари (денари и евра), нотарски акти, како и тетратки и листови на кои ги евидирала дадени износи на пари, од кои е утврдено дека Ј.Т. досега во повеќе наврати давала пари на лица, а тие требало да ѝ вратат несразмерен износ со кој таа се стекнувала со противправна имотна корист.
Ј.Т. е задржана во Полициската станица Струмица и за случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомневање дека сторила кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos

