Црна хроника
Во Штип приведени уште тројца за малолетничка проституција
Штипската полиција приведе уште три лица од Штип, Куманово и Охрид кои биле вмешани во ланецот на малолетничка проституција во Штип, соопшти МВР
Во текот на месец април кумановец во негов стан извршил полови дејствија врз двете малолетнички кои тогаш немале полни 14 години. Девојчињата биле злоставувани во мотел во Штип како и во стан во населбата 8-ми ноември во Штип. Охриѓанецот ја злоставувал една од малолетничките додека била на екскурзија во Охрид,во соба во хотелот. Против тројцата ќе бидат поднесени кривични пријави за полов напад врз малолетник кој што не наполнил 14 години. На почетокот на минатиот месец беше откриено дека две малолетни девојки давале сексуални услуги на повеќе лица. Досега за овој случај кривично се пријавени девет лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

