Црна хроника
Петмина кумановци осомничени за злоупотреба на службена должност
В.д. директорот ма кумановското јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ во 2007 г. е осомничен дека во 2007 г. ја злоупотребил службената положба со што незаконски е остварена материјална позла во висина од околу 15 милиони денари
Секторот за внатрешни работи во Куманово до Основното Јавно обвинителстподнело кривична пријава против Е.Б.(43), Б.Ј.(43), С.Т.(45), Д.С.(47) и Б.Ј. (38) сите од Куманово, осомничени за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“За првопријавениот Е.Б. е поднесена кривична пријава и за овозможување на правни и физички лица да прибават противправна имотна полза од 14.400.800 денари, за кој износ го оштетиле јавното претрпијатие „Чистота и зеленило“ од Куманово.МВР во сабота соопшти дека првопријавениот како одговорно лице в.д. директор на ЈП „Чистота и зеленило“ во текот на 2007 г., со намера да прибави противправана имотна, а од друга страна да им нанесе штета на Фондот за пемнзиско осигурување и Фондот за здравствено осигурување, со пречекорување на границите на службеното овластување спротивно на законските прописи, склучил 131 договор за дело со 98 лица. Во договорите не биле наведени работното место и временскиот период за кој биле ангажирани лицата, додека шест лица ангажирал без никаков договор за работа, при што работејќи на ваков начин вработил лица во јавното претпријатие спротивно на законските прописи и без потребна согласност од Министерството за финансии.Во текот на 2007 г. со неизвршување на својата службена должност го оштетил ЈП на тој начин што како одговорно лице иако бил должен не преземал никакви активности за пропишување, донесување и соодветна примена на политики за начинот на одобрување и користење на специјални и лесни моторни возила, поради што сметките за гориво се раздолжувале спротивно на Законот за трговски друштва, односно без приложување на соодветни документи за поминати километри и релација. Работејќи на таков начин оневозможил утврдување на наменско користење на искажаните трошоци за нафтени деривати во износ од 4.491.000 денари.Првопријавениот во текот на 2007 г. без спроведување на постапката за јавни набавки, извршил набавка на печатен материјал и ситен инвентар во износ од 407.490 денари, а на 01.06.2007 година склучил Полиса за осигурување од последици на несреќен случај во вкупен износ од 343.800 денари, без притоа да донесе решение за јавни набавки.Заедно со второпријавената во својство претседател на Комисија за јавни набавки на ЈП, потоа третопријавениот и четвртопријавениот како членови на Комисијата за јавни набавки и петопријавената како заменик член на споменатата комисија, Е.Б. со пречекорување на службените овластувања и неизвршување на службена должност го оштетиле ЈП на начин што во текот на 2007 година спровеле две постапки за јавни набавки при што било набавено гориво и мермерни облоги во севкупен износ од 5.037.000 денари, без доследно почитување на Законот за јавни набавки
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

