Црна хроника
Два дена трае потрагата по малолетници избегани од велешкиот поправен дом
Полицијата веќе два дена трага по тројца малолетни осуденици кои завчера избегале од воспитно поправниот дом во Велес
Дијана Иванова, од Велес
Отсуството на Јован П. од Битола, Петре С. од Струга и Сенад Р. од Радовиш го забележал стражарот во установата. Завчера околу четири часот утрината за бегството на тројцата затвореници осудени за сторени дела тешки кражби била информирана и полицијата. Еден час откако полицијата била информирана дека малолетниците не се во воспитно поправниот дом пријавена е и кражба на автомобил од двор на семејна куќа која се наоѓа во непосредна близина на установата. Дали има поврзаност во овие два случаи СВР Велес истражува, но засега нема официјален став. Бегството на малолетниците го потврдуваат и од Воспитно поправниот дом. Ова не е прво бегство од оваа установа, дознава Лисица. Домот е од отворен тип и досега затворениците сами се враќале откако ден или два поминувале со своето семејство. Ниту жителите на велешката населба Превалец досега не се пожалиле од затворениците. Ако се потврди дека малолетниците откако избегале од затворот го украле автомобилот ова ќе биде прв ваков случај откако постои Установата. За една недела ова е трето бегство од затвор. На почетокот на неделава, четворица затвореници, избегаа од затворот од Тетово. Полицијата фати само еден од нив. Вчера пак затвореник од Струмица избега од штипскиот затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

