Црна хроника
Шеесетгодишник од Кочани ограбувал на градскиот пазар во Велес
Кочанскиот џепчија од четворица велешани одземал 84 илјади денари, во периодот од мај до октомври, кога „оперирал“ на Градскиот пазар во Велес
Градскиот пазар во изминативе неколку месеци претставуал „канцеларија“ на 59-годишен кочанчанец со иницијали Б.З..Според велешката полиција, тој четирите грабежи ги правел по истото сценарио. Го искористувал невниманието на лицата или, пак, со одредена постапка ги наведувал да погледнат во друга насока и без да забележат им го крадел паричникот од џебот.Во првата кражба одземал паричник во кој имало 27 илјади денари. Во следните две, „ќарил“ 12 односно 14 илајди за во четвртиот обид да одземе 31 илјада денари.Откако полицијата го открила го привела и во станицата е извршен разговор со него, а оштетените го препознале човекот кој ги олеснил нивните паричници.Поради ова, во понеделник на Б.З. до Основното јавно обвинителство, СВР Велес, му е поднесена кривична пријава за тешки кражби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

