Црна хроника
Безредија во Тетово, четворица полицајци лесно повредени

Четворица полицајци се лесно повредени, оштетени се околу 15 продавници и неколку возила, во немирите што настанале по фудбалскиот натпревар меѓу двата тетовски фудбалски клуба Тетекс и Шкендија, соопшти СВР Тетово
По натпреварот, на кој победил фудбалскиот клуб Тетекс навивачите на Шкендија – „Балистите“ се упатиле кон трибината каде што се наоѓале тетовските навивачи. Откако полицајци ги спречиле, Балистите почнале да фрлаат камења кон нив.Полицајците ги растерале навивачите, кои се разбегале кон околните улици,при што оштетиле неколку продавници на улицата „Иво Лола Рибар“ и неколку возила.Како што соопштуваат од СВР Тетово, моментално ситуацијата е мирна. Ова не е прв инцидент на оваа навивачка група. Припадници на навивачката група „Балисти“, минатиот месец, на фудбалскиот натпревар Напредок – Шкендија во Кичево, на полувремето од јарболите го симнаа македонското знаме и го фрлија на земја, а на нивно место ставија албанско знаме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен дилер од Велес, полицијата пронашла различни видови дрога спакувани за улична продажба

Велешката полиција на 26 јануари го уапсила 41-годишниот Љ.Т. од Велес, поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Како што информираат од МВР, по претходно добиени сознанија, а врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле неколку кутии и ќесиња со марихуана, бела прашеста материја, грутчеста материја, наменети за улична продажба, како и дигитална вага, евра и денари.
Љ.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
11 танчерки и 23 гости затекнати во охридски локал што не ги почитувал мерките против Ковид-19

Поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, охридската полиција поднесе кривична пријава против Д.Т. (31) од Охрид, Х.А. (42) од тетовското село Боговиње и против локал со седиште на улицата „Железничка“ во Охрид.
Како што информираат од МВР, на 16 јануари годинава прво и второ пријавениот, во својство на управители и сопственици на правното лице, дозволиле работа на објектот после 18 часот, ангажирале 11 танчерки (странски државјанки) и дозволиле присуство на 23 други лица.
Со тоа, постапиле спротивно на безбедносните протоколи и превентивните препораки за заштита на населението од Ковид-19.
Црна хроника
Приведен наркодилер од Кичево

При полициски претрес извршен на 26 јануари во домот на 39-годишниот З.Б. од Кичево, полициски службеници пронашле и одзеле метадон, предмети со остатоци од хероин и парични средства во различни апоени.
Како што информираат од МВР, предметите се одземени и предадени на вештачење, а З.Б. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот