Црна хроника
Првите бегалци од Воспитно поправниот дом во Велес, фатени во Охрид
Тројцата бегалци ќе заработат и кривични пријави оти украле мобилни телефони кои ги трампале за дрога
Полицијата по една седмица ги фати првите бегалци од Воспитно поправниот дом во Велес. Деветнаесет годишните П.С. од Струга и Ј. П. од Битола и една година помладиот С.Р. од Радовиш се фатени во Охрид вчера околу 20 часот и 45 минути. Полицијата ги забележала на плоштадот Крушевска Република, во центарот на градот, во близина на чинарот. Тројцата штитеници, на полицијата не се спротивставиле, но лажно се представиле. Но и покрај тоа тие биле приведени во полициската станица во Охрид. Таму признале дека во Охрид пристигнале од Штип, потоа веднаш се упшатиле во Струга. Отишле во средното училиште Нико Нестор и до соблекувалната украле три мобилни телефони. По кражбата повторно се вратиле во Охрид, каде што се сретнале со еден нарко-дилер. Во замена за два мобилни телефона, дилерот им дал одредена количина хероин. СВР Охрид, по документирање на целиот настан, против тројцата бегалци ќе поднесе соодветна пријава и ќе бидат вратени во Воспитно поправниот дом во Велес. Инаку полицијата и натаму трага по другите тројца бегалци кои од поправниот дом избегаа три дена по првите тројца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.