Црна хроника
Одложено судењето за тројното убиство во аеродром во Скопје
Судскиот процес против Тони Денковски кој уби тројца во ресторан во Скопје денеска беше одложено поради отсуство на неговиот адвокат
Судијата кој го води предметот им кажа на присутните дека адвокатот е на судење во Велес, но и дополни дека има приговор на обвинителниот акт по кој се уште не било одлучено. Поради тоа судењето е презакажано за крајот на месецов. Тони Денковски на почетокот на септември со автоматско оружје ги уби Јордан Јорданов кој бил член на „Франкфуртската мафија“, Влатко Андревски и Владо Милошев вработен во Шеста управа во МВР. Тој влегол во рибниот ресторан каде тројцата седеле на иста маса и ги изрешетал, по што побегнал од местото на убиството. По неколку дена сам се пријави во полиција. Оттогаш мотивот за убиството никој не го соопшти, а Денковски во истрага молчел. Според првичните сознанија на истрагата се работело за голем долг кој Денковски не можел да го подмири заради што имал големи притисоци од убиените. Дали тоа или пропаднат бизнис со дрога или пак барање рекет е мотивот за трикратното убиство се очекува Денковски да каже во судница. Во судската сала беа роднините на убиените и единствениот сведок на настанот, девојката која седела со убиените на маса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

