Црна хроника
Чаирчанец најден убиен во неговиот стан

Во петокот во попладневните часови во Скопје, од страна на полициски службеници кои вршеле редовни работни задачи во станот на улицата „Павле Илиќ“, бил пронајден убиен сопственикот на станот 80-годишниот Кристивое Б., потврди во саботата МВР
Несреќниот старец бил убиен откако засега непознатиот злосторник неутврдено на кој начин влегол во станот и со остар предмет му нанел повеќе убодни рани по телото на убиениот. Кко што утврдила полициската истрага, убиецот по извршеното злосторство претурал по станот, најверојатно барајќи пари или скапоцености.Полицијата сега презема мерки за утврдување дали од станот е одземено нешто. Увид на лице место извршиле истражен судија, од заменик на јавнито обвинител и екипа од скопската полиција, а телото на убиениот е предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Мопед излетал од патот во Охрид: возило му го попречил правецот на движење

Вчера во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 ноември“ во Охрид, мопед „кимко“, управуван од Т.Т.(44) од охридското село Куратица, излетал од коловозот.
Патнички автомобил „ровер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(60) од Скопје, кој се вклучувал во сообраќајот, му го попречил правецот на движење.
Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Во сообраќајна незгода во Скопје тешко повредена девојка, која управувала електричен тротинет

Во сообраќајка што се случила во Скопје тешко е повредена девојка која управувала електричен тротинет откако се судрила со автомобил.
Според информациите на МЦР, вчера во 17.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и Кеј „13-ти Ноември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(55) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Д.П.(24) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Изгореа подруми во зграда во Аеродром

Пожар избувнал вчера во подруми во зграда во Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 11.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, во подрумските простории од станбена зграда настанал пожар.
Од пожарот биле зафатени четири подрумски простории. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Повредени лица нема.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.