Контакт

Црна хроника

Драма на судењето за убиството на д-р Лилјана Угриновска

Објавено пред

Пет часа во судница во Основниот суд 1 во Скопје, во напната и емотивна атмосфера се одвиваше првото рочиште од судскиот процес против Михајло Ламбевски, обвинет за свирепо убиство на неговата колешка доктор Лилјана Угриновска, директор на заводот за рехабилитација во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Убиството се случи во април годинава кога д-р Мхајло Ламбевски со нож ја избоде директорката во нејзината канцеларија. Во судницата се сретнаа семејството на д-р Лилјана Угриновска , обвинетиот и неговата ќерка.Вистинска драма во судницата предизвика сведочењето на ќерките на Угриновска и Ламбевски. Додека тие зборуваа обвинетиот молчеше. Тој пред судот кажа дека нема да зборува и не сака никој ништо да го прашува и нема да одговара на ниту едно прашање. “Се согласувам судот да направи се што треба доколку на тој начин може да се врати мајка ми “, рече ќерката на убиената Угриновска. Таа со плачење следеше дел од процесот. По неа влезе ќерката на обвинетиот Ламбевски, Наташа. Ја наведна главата и пред судот плачејќи ја раскажуваше страотната животна приказна: “ Одам со наведната глава и се срамам од тоа што го направи татко ми. Жалам за трагедијата и сочувствувам со семејството на докторката”. Потоа девојката во детали ја откри својата потресна приказна за животот со татко кој неа , мајката и помалата сестра со години ги малтретирал физички и психички. Додека таа ја кажуваше својата животна исповед некои од судскиот совет и присутни во салата заплакаа.„“Татко ми беше многу љубоморен. Ја малтретираше мајка ми и мене со сестра ми. Не тепаше, не бркаше од дома.Многу пати трите бегавме од дома и спиевме на плоштад. Постојано мислеше дека некој го следи и дека ние како семејство го крадеме. Се сомневаше дека во јадењето му ставаме отров. Сестра ми која е инвалид односно не слуша и носи апаратче, и го земаше и  го кршеше. Влезната врата во станот беше заклучувана со 20 катанци. Не викаше со сестра ми да му го чуваме станот , но потоа не обвинуваше дека сме го ограбиле. Целиот стан беше залепен со мали ливчиња на кои имаше погрдни пораки”.Тука младата девојка застана. Солзите ја гушеа. Адвокатот на семејството Угриновски ја праша:  „Дали татко ти некогаш се обидел да ве убие вас или мајка ви?”. Наташа одговори :” Да . Мајка ми се обиде да ја убие на спиење. Еднаш се обиде и да и го залепи лицето на жешка рингла”. Наташа раскажуваше и за односот на татко и со колегите и соседите. Со сите бил скаран. Во зградата каде живееле Ламбевски ги кршел светлата и го заглавувал лифтот за никој да не може да го користи.„Постојано со себе носеше патни торби тешки и по 20 килограми. Во нив имаше се од клучеви до катанци до камери па и пената за бричење, оти мислеше дека ќе му ја украдат. Секоја средба со татко ми беше кошмар. Со мајка ми заминавме. Од стресот таа доби рак, а сега е на смртна постела”. Таа кажа дека се плашела  да побара помош. Се плашела од него. Кога заврши со зборувањето девојката, како што влезе, така и излезе од судницата – со наведната глава без да го погледне татка си. Пред судот беа сослушани и двајца психијатри кои го прегледале Ламбевски и донеле заклучок дека е непресметлив. Ова вештачење жестоко го нападна адвокатот на наследниците на Угриновска кој со факти и прашања тврдеше дека иако е параноичен Ламбевски свесно ја убил докторката затоа што и бил љубоморен.„Сакаше да биде директор , ама мајка ми му пречеше. Ова му беше единствен начин да ја тргне. Taa беше прекрaсна жена и со никој не се караше”, рече синот на убиената, д-р Емил Угриновски. Тој потврди дека честопати мајка му и колегите, но и други членови на семејството имале закани од Ламбевски, но никој не го сфатил сериозно. Судот донесе решение и го прифати барањето на адвокатот на семејството на убиената да се изврши ново психијатриско вештачење. Докторите пред судот кажаа дека сега Ламбевски не е опасен за другите членови на семејството на убиената, но е опасен токму за нив, за вештите лица. Според нив, болеста параноја била мотив за убиството.Тој се чувствувал загрозен од околината и затоа постојано носел нож. Но адвокатот Ефто Спировски докажуваше дека убиството било направено свесно, по што пред истражните органи дури и дал правна квалификација на делото убиство во миг, што би значело за него помала казна. Тврдеше и неколкупати ги праша психијатрите дали Ламбевски пред нив глумел дека е болен, нешто што тие го негираа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Обвинение за семејно насилство врз бремена девојка во Свети Николе

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Како што се наведува во соопштението, обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно насилство, ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка.

„Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја.

Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител“, велат од Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Топ

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Објавено пред

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ.

dobivaj vesti na viber

Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница, извести МВР.

Фото: МВР

Прикажи повеќе...

Топ

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

Објавено пред

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.

dobivaj vesti na viber

Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование.

На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата. На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање – доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија56 минути

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија3 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија3 часа

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија3 часа

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија4 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет6 часа

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет6 часа

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион18 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија19 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет21 час

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет22 часа

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ23 часа

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ23 часа

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија1 ден

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија1 ден

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија1 ден

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија1 ден

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ1 ден

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија1 ден

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...