Црна хроника
Кај кумановец најдени 500 литри „крстена“ ракија
Педесет иедногодишен кумановец заработи кривична пријава откако кај него се пронајдени 512 литри диво произведена ракија и 15 литри разни екстракти кои ги употребувал за неговото „производство“
Кумановската полиција дошла до сега приведениот маж со иницијали А.Т. откако минатата седмица открила 80 литри ракија со примеси на метил алкохол. Истрагата покажала дека кумановецот подолго време без да има акцизна дозвола за производство на алкохолни пијалаци во импровизиран погон во населбата „Иго Тричковиќ“ произведува ракија со користење разни хемиски додатоци. При претресот на домот и „погонот“ на кумановецот била најдена тракијата во разни буриња, туби и шишиња, како и јонизатор за вода. Ракијата и екстрактите се испратени на анализа за утврдување на нивниот состав и присуство на штетни материи, информираат од МВР.Инаку, против истиот и во 2005 г. била поднесена кривична пријава за истите кривични дела, при што му биле одземени околу три илјади литри разновидна направена ракија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Охриѓанец приведен откако со дрвен предмет и нож нападнал сограѓанин
Полициски службеници од СВР Охрид синоќа, на 31 јануари 2026 година во 23:20 часот, го лишиле од слобода Г.А. (49) од Охрид, по пријава за насилен инцидент што се случил на улицата „Марко Нестороски“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот најпрвин со дрвен предмет го нападнал Р.С. (40) од Охрид, по што извадил нож и замавнал кон него. Со брза интервенција на полицијата, напаѓачот бил приведен, со цел спречување на понатамошна ескалација на насилството.
По целосно документирање на настанот, против Г.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, согласно законските прописи.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.

