Контакт

Црна хроника

Судење за тројно убиство во Скопје – „Убив за да си ги спасам децата”

Објавено пред

Пред петчлениот судски совет и полна сала роднини на жртвите проговори Тони Денковски, обвинет за трикратно убиство во Скопје во ресторанот „Биг фиш“

dobivaj vesti na viber

Тони Денковски до денеска молчеше за мотивите поради кои со автоматска пушка изрешета тројца во септември годинава. Убиени беа Јордан Јорданов, Влатко Андреевски и Владо Милошев.„Морав. Немав друг излез. Ми се закануваа дека ќе ги повредат децата”, кажа Денковски пред судот и ја раскажа целата приказна зошто посегнал по автоматската пушка и каде бил по убиството.„Пред неколку месеци Јорданов ми побара пари за долг кој го немав. Долгот го измисли. Наводно сум му должел пари за автомобил купен пред повеќе години. Се работеше за 11 илјади евра. Никогаш не сум му должел пари а тој и негови луѓе секојдневно ми ги бараа”, раскажуваше Денковски пред судот.Појасни дека се обидел да се види со Јорданов за да се разберат околу долгот, но Јорданов упорно го одбивал.Луѓето што му се јавувале му велеле: ” Немој да ги криеш децата со различни автомобили. Знаеме каде оди ќерката, а и синот. Син ти личи на женско па може и да го прошетаме. А после можеби и ќе ти каже како си поминал”, биле заканите кои Денковски ги добивал секојдневно по телефон.Вечерта кога се случило убиство Денковски влегол да вечера во ресторанот каде ги виделе Јорданов и неговите пријатели. По кратко време Јорданов му покажал на часовникот и му рекол за половина час да донесе пари, по што Денковски излегол од ресторанот.Автоматската пушка ја зел од куќа во населбата Припор. Се вратил и го изрешетал Јорданов.Пред да пука само му рекол: „Дигни ја главата”. Видел дека некој од масата се фатил за појас и најверојатно од страв да не извадат пиштоли ги убил и другите. Потоа заминал со такси кон Куманово каде на првата патарина се симнал.Останал цела вечер во околните ниви,  утредента отишол  во полиција и со зборовите „јас сум за пукањето” се предал.Беа сослушани и двајца сведоци, девојката која не беше повредена а беше на маса со убиените и сведок на пукањето. Девојката не зборуваше само кажа дека сите детали ги кажала во истрага а момчето рече дека денковски кога влегувал во ресторанот имал тап поглед.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Претставувајќи се како божји човек кој крши магии, скопјанец дошол до 400.000 евра од сопружници, барале помош за синот

Објавено пред

Педесетчетиригодишен маж од селото Трубарево, скопско, е приведен поради сомнеж за измама, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 400.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Според пријава поднесена во полицијата во Штип, од страна на Б.Д. (76) од Берово, во периодот од 2022 до 2025 година осомничениот Д.И. (54) со лажно прикажување на факти го довел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. Притоа се претставувал како „Божји човек“ со наводни паранормални способности – бајач и истерувач на магии, тврдејќи дека над нивниот син е направена магија која го загрозува неговото здравје и живот.

Фото: МВР

Во тој контекст, оштетените во повеќе наврати на различни локации во Скопје и Берово му давале парични средства од 5.000 до 6.000 евра за помош, при што во вкупниот период пријавениот се стекнал со 400.000 евра.

По пријавата, полициски службеници од СВР Штип, во соработка со ОВР Берово, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје, а по насоки на јавен обвинител од ОЈО Кочани, спроведоа оперативни активности. Парите што оштетениот имал намера да му ги даде на осомничениот биле претходно крим-технички обработени.

Фото: МВР

На 4 јули во Берово биле приведени Д.И. и неговата мајка Д.И. (76). При претрес кај нив биле пронајдени 3.000 евра, како и други предмети поврзани со делото. По спроведените активности, против двете лица е поднесена кривична пријава и се изведени пред судија за претходна постапка во Основниот суд во Кочани.

Фото: МВР

Фото: МВР

Фото: МВР

Фото: МВР

Прикажи повеќе...

Топ

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Објавено пред

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка патека на кејот на Вардар кај Паркот на франкофонијата. Обвинителството утрово соопшти дека вложило жалба на одлуката за куќен притвор.

dobivaj vesti na viber

По информацијата дека двапати претходно бил осудуван, од Обвинителството информираа дека  дека кај нив е евидентиран со предуда за насилство како малолетник, а потоа и уште една за здравствени прописи во време на Ковид кризата.

Несреќата се случи на 1 јули, кога осомничениот управувајќи мотоцикл „кавасаки“ без дозвола, удри во пешакот Николовски. Според информацијата од Обвинителството, тој возел преку површина наменета за движење на пешаци и не се придржувал кон прописите. Кога дошол во близина на зградата, не ја прилагодил брзината на движење на моторот. Покрај тоа, управувал без да поседува возачка дозвола и на недозволено место, па со левиот страничен дел од мотоциклот удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, кој се движел по пешачката патека. При ударот, оштетениот останал да лежи повреден на патеката, а возачот и неговиот сопатник паднале на коловозот.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди поради кои следното утро починал, а полесно повреден бил и сопатникот на моторот. Наместо да укаже помош, осомничениот го оставил мотоциклот и другите двајца повредени и пеш го напуштил местото, соопшти обвинителството.

Обвинителството бараше притвор поради фактот дека осомничениот веднаш по настанот избегал од местото на несреќата и извесен период бил недостапен за органите на прогонот, што за јавниот обвинител е потврда за опасноста тој повторно да се даде во бегство. Дополнителна причина за барањето за притвор е и тоа што претходно бил осудуван.

Прикажи повеќе...

Топ

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Објавено пред

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало мотоцикл „хамачи“.

dobivaj vesti na viber

Околу пладне, на пресекот на улиците Борис Кидриќ  и Мирко Милески, тој се судрил со „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(22) од кичевското село Стрелци, соопшти полицијата.

Малолетното момче со тешки повреди не успеало да стигне до клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје, пришто за време на транспортот им подлегнало на повредите, а доктор од Итната медицинска помош, констатирал смрт.

Извршен е увид, а врз телото ќе биде извршена обдукција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

И денес температури до 40 степени, од среда заладување и ветер

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има...

Свет60 минути

Бројот на загинати во поплавите во Тексас се искачи на 50, продолжува потрагата по децата

Бројот на жртви од поројните поплави во Тексас, на југот на САД, се искачи на 50, додека потрагата по десетици...

Македонија11 часа

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на...

Топ18 часа

Претставувајќи се како божји човек кој крши магии, скопјанец дошол до 400.000 евра од сопружници, барале помош за синот

Педесетчетиригодишен маж од селото Трубарево, скопско, е приведен поради сомнеж за измама, со што се стекнал со противправна имотна корист...

Македонија20 часа

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија20 часа

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ21 час

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ22 часа

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет24 часа

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија1 ден

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија1 ден

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт1 ден

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија2 дена

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ2 дена

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ2 дена

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија2 дена

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија2 дена

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија2 дена

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ2 дена

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија2 дена

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...