Црна хроника
Откриени двајца Авганистанци во камион со портокали
Во четвртокот навечер, македонски државјанин кој управувал камион со бугарски таблички во портокали што ги натоварил во Грција сакал да прошверцува двајца Авганистанци
Случајот бил откриен на на граничниот премин Табановце – автопат на излез од Република Македонија, вчеравечер околу 21.30 часот. Според царинските документи возилото било натоварено во Аргос, во Грција, со портокали а стоката била наменета за увозник од Унгарија, потврдија од Царинската права.Според првичните информации, возачот откако пристигнал на граничниот преми го исклучил термокингот на камионот и пријавил тропање во ладилникот. При физички преглед во камионот биле пронајдени две лица, мигранти од Авганистан кои кај себе наемале пасоши, туку само листи за привремен престој во Грција, каде што биле на привремена работа.Според изјавата на возачот, тој во четвртокот ги товарил портокалите во Аргос, по што преку граничниот премин Меџитлија влегол во Македонија. Камионот не бил пломбиран од страна на грчките царински службеници. На граничниот премин Меџитлија камионот бил пломбиран од нашите царински службеници при што не биле забележани никакви неправилности.Засега други детали не се откриваат, односно дали Авганистанците без знаење на возачот биле натоварени со портокалите во неговиот камион уште во Грција или тие биле сокриени во возилото во Македонија со негово знаење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.
Црна хроника
МВР одзеде возило управувано од 16-годишник во Струга
Вчера при контрола во патниот сообраќај, полицијата сопрела патнички автомобил „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16-годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило.
По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член на семејството на малолетникот, извршија службен разговор и возилото го одзедоа.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

