Црна хроника
Бомба експлодираше во скопско Дебар маало
Како што сведочат жители на оваа централна скопска населба, детонацијата што се случила малку пред 22 часот во неделата навечер, предизвикала материјална штета но во експлозијата немало ранети
Според СВР Скопје, во неделата навечер во 21.50 часот во дворот на 64-годишниот А.О. на улицата „ЃорЃија Пулески“ во наслебата Дебар маало, во центарот на Скопје била предизвикана експлозија. Според првичните сознанија на истрагата, најверојатно станува збор за експлзоија на рачна бомба. Според скопската полиција, освен материјалната штета, односно искршените прозорци од домот на дебармаалецот, не се предизвикани други штети и нема повредени.Мотивите за нападот засега не се познати, а полцијата интензивно трага по лицето кое ја фрлило бомбата во дворот на А.О.Силната експлозија се чула во пошироката околина на населба Дебар маало, многу ги вознемирила локалните жители. Детонацијата се чула речиси низ целата населба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

