Црна хроника
Кеш и платни списоци на новинари пронајдени во сефот запленет на „Перо Наков“
Парични средства во вкупен износ од околу 50.000 евра и платни списоци со имиња на новинари на кои им биле исплатени парични средства во готово, пронајдени се во еден од двата запленети сефа на „Перо Наков“
Ова денеска го објави Управата на финансиската полиција, потсетувајќи дека еден од двата запленети сефа, беше отворен во петокот попладне во присуство на Истражен судија и ополномоштени лица на правните лица.„Во сефот покрај документацијата пронајдена е и поголема количина на парични средства во денари, евра и други валути во вкупен износ од околу 50.000 евра. Исто така пронајдени се и платни списоци со имиња на новинари на кои им биле исплатени парични средства во готово и истите ќе бидат предмет на понатамошна анализа“, се вели во соопштението.За констатираната содржина од отворениот сеф изготвен е записник со детален опис на пронајдената содржина, кој ќе биде составен дел од конечниот записник.Финансиската полиција најавува дека во наредните денови ќе се пристапи кон отпечатување и на вториот сеф, истотака во присуство на Истражен судија и ополномоштени лица, по што се очекува да биде составен и конечниот записник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Уапсен полицаец за изнуда: поднесена кривична пријава, следува суспензија од работното место
По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази Баба, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.
Имено, граѓанинот пријави дека Х.З. заедно со други лица во повеќе наврати му барале 20.000 евра, пари кои наводно синот на пријавителот ги земал од него. После тоа, преземени се мерки и извршена е криминалистичко-техничка обработка на парични средства, а на 25.12.2025 на подрачјето на Центар, непосредно по примопредавањето, Х.З. е лишен од слобода и при извршен претрес кај него се пронајдени 20 апоени од по 50 евра.
Тој е задржан во полициска станица, а Единицата за насилен криминал, Одделението за насилен криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, против Х.З. поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик.
Одделот за внатрешна контрола против Х.З. ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. Додека, судија на претходна постапка на пријавениот му определил мерки на претпазливост.
Црна хроника
Ги претепал сопругата и мајка си: насилство во Скопје
Во полициската станица Кисела Вода вчера во 12.15 часот бил извршен службен разговор со К.С.(39) од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, тој физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и неговата 60-годишна мајка.
Надлежните соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Починат скопјанец пронајден во просториите во кои работел
Вчера во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пронајден е починат вработениот З.А.(57) од с.Мралино, општина Илинден.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти полицијата.

