Црна хроника
Кривични пријави за три службеника во Министерството за култура
Тројца државни службеници во Министерството за култура „заработиле“ кривични пријави коишто ќе им ги поднесе скопската полиција откако се осомничени за сторено кривично дело Фалсификување или уништување деловни документи
Кривичните пријави ќе бидат поднесени за Б.К.(1978), раководител на Сектор за јавни набавки, Р.Т. (1947) раководител на Одделението за стручно административни работи и И.А.(1962) раководител на Сектор за стручна поддршка на Кабинетот на министерот и односи со јавност во Министерство за култура. Првопријавениот во својство на државен службеник – раководител на Сектор за јавни набавки, а второ и третопријавените во својство на државни службеници и двајцата раководители на сектори – членови на комисија за уништување на документиран материјал на Министерството за култура за период 1991-2003 година и 2004-2005 г. назначени со две решенија донесени од министерот за култура, во текот на јули годинава извршиле уништување на деловни книги и документи од тендерска документација која се однесува на понудите за 14 јавни набавки распишани во 2007 и 2008 . од страна на Министерството за култура за проектите: објект Стар театар-Скопје, Театар Велес, Музеј на ВМРО Скопје и Нобеловци-Скопје.Оваа документација согласно чл. 172 од Законот за јавни набавки е документација која требало задолжително да се чува најмалку пет години од денот на извршувањето на соодветниот договор за јавна набавка. Документите биле сопственост на Министерството за култура и со нивното уништување, осомничените оневозможиле нејзино натамошно користење сторувајќи кривично дело Фалсификување или уништување на деловни книги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.