Црна хроника
Охриѓанец измамил Холанѓанец за над 240 илјади евра
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишен охриѓанец поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривичното дело „Измама“ по што од страна на Истражен Судија при Основниот Суд во Охрид, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена
Пријавениот, во периодот од месец април минатата до јули оваа година, со намера за себе да присвои против-правна имотна корист, во заблуда донел холандски државјанин лажно прикажувајќи документи дека ќе му овозможи стекнување приходи од издавање на куќа и луксузен апартман со што за себе остварил имотна корист од 237.150 евра.Со цел да го уреди својот дом, пријавениот во мај 2009 г., му предложил на холандскиот државјанин тој да инвестира во реновирање и доградба на неговата куќа во Охрид, ветувајќи му поделба на куќата на пола, а потоа куќата ќе требало да се издава на лица од француската амбасада за сума од 30 илјади евра. Во текот на летниот период лани, кога холандскиот државјанин дошол на одмор во Охрид, пријавениот го однесол кај станбен објект во изградба во близина на општината и му кажал дека имал намера да го купи последниот кат со околу 142 м2 и да го претвори во луксузен апартман кој ке го издавал на странци од Турција и Франција. Да биде поубедлив, пријавениот го запознал со еден приватен стопанственик од Охрид претставувајќи го како градител на објектот. Доведен во заблуда дека со издавање на апартманот ќе стекнат приходи од 30 илјади евра годишна кирија и дека апартманот ќе биде во целосна сопственост на холандскиот државјанин, истиот во неколку наврати на пријавениот Б.К. му дал вкупно 115.650 евра.Со образложение за полесно и побрзо издавање под ќирија на куќата и апартманот, пријавениот од оштетениот побарал и мебел и уметнички дела за нивно опремување за што преку холандска компанија, му бил испорачан луксузен мебел, уметнички дела и антиквитети во вредност над 50 илјади евра.Инаку, против пријавениот се води судска кривична постапка за кривично дело „Бесправно градење“ за неговата куќа. Пријавениот во 2008 г. на преку е-маил контакти се запознал со оштетениот, лажно претставувајќи се дека е менаџер во Канада со своја куќа која ја продал заради студии како контролор на летање во Прага и дека во Охрид е значајна и почитувана личност/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

