Црна хроника
Побегнаа двајца затвореници од тетовскиот затвор
Двајца затвореници синоќа побегнале од тетовскиот затвор преку прозорецот од приемното одделение, соопштува МВР
Дежурниот работник околу 20:40 часот го пријавил бегството на двајцата дваесет и четиригодишни затвореници од гостиварското село Сенокос во полициска станица.Околу 22 часот увидна екипа излегла на лице место, но директорот на затворот им рекол на надлежните дека нема потреба од увид бидејќи затворениците се согласиле да се вратат назад.Последното бегство од тетовскиот затвор се случи на крајот од октомври, кога избегаа петмина затвореници. Тие се вратени назад, по еден месец од бегството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

