Црна хроника
Вооружен грабеж на бензинска во Пробиштип – еден повреден

Вработен на бензинска пумпа на „Макпетрол“ во Пробиштип синоќа нешто пред 20 часот е повреден во вооружен грабеж, соопшти МВР
Двајца маскирани разбојници од кои едниот вооружен со пиштол влегле во бензинската пумпа и на вработениот му ги побарале парите од касата.Вработениот им се спротивставил на разбојниците, по што едниот од нив почнал да пука. Испукал три куршуми кон него, ги украл парите од касата и побегнале.Повредениот е пренесен во Медицинскиот центар во Штип каде му биле констатирани повреди во стомакот, потколеницата и во рамото.Полицијата трага по разбојниците и сè уште се утврдува сумата на украдените пари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.