Црна хроника
Во еден ден пронајдени четири мртви жени
Вкупно четири мртви жени биле пронајдени вчера во Скопје, покажуваат полициските податоци. Три од жените имаат околу седумдесетина година, додека најмладата има 44 години
Првата жена била пронајдена мртва утрово околу 9:30 часот на улицата „Фуштанска“ во Скопје. Нејзиното мртво тело го нашла сосетката Добринка како лежи на грб. Доктор од брза помош констатирал смрт, а нејзиното тело било предадено на обдукција.Втората жена била пронајдена мртва околу 14:20 часот во непосредна близина на депонијата „Вардариште“ поточно во кругот на стационарот за згрижување на бездомни кучиња.Телото на жената било идентификувано и предадено на обдукција. Според првичните информации, се работи за седумдесет и двегодишната Даница од Неготино, која била штитеник на домот за згрижување лица со нарушено здравје „Мајка Тереза“ во Скопје, а било примена со психичко растројство.Околу 18:30 часот синоќа во скопската населба Карпош беа пронајдени мртви мајка и ќерка. Она што најмногу зачудува е што, според првичните информации на полицијата, мајката и ќерката немале траги на насилство, но останува нејасно како починале во исто време.По идентификацијата на телата, од МВР информираа дека станува збор за седумдесет годишната Анка Андонова и нејзината четириесет и четиригодишна ќерка Снежана Чекреџиева.Од судска медицина велат дека се работи на утврдување на точните причини за смртта. Велат дека подоцна ќе излезат со резултати за нивната смрт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

