Црна хроника
Уште еден скопски ловџија застрелан по грешка
Загина 45-годишени ловџија, во инцидентот се случил во саботата во попладневните часови во атарот на скопското село Булачани, каде загиантиот заедно со двајца пријатели бил на лов, информираат од МВР
Еден од ловџиите мислејќи дека стрела во диво животно, всушност го погодил пријателот Драги Стојановски. Кога сфатиле што се случило, ловџиите повикале брза помош и ја известиле полицијата за несреќниот настан. Лекарите единствено констатирале смрт кај Стојановски.Телото на починатиот предадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје, а на двајцата ловџии привремено им е одземено оружјето заради вештачење.На 25-ти декември, во несреќен случај загина ловџија во селото Градце во близина на Зелениково. Настраданиот ловџија беше застрелан од друг ловџија по грешка, кој подоцна сам се пријавил во полициска станица. Според објаснувањето на ловџијата, станувало збор за несреќен случај. Тој мислел дека стрела во животно, но наместо да убие животно, го убил својот колега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

