Црна хроника
Хаџибулиќ и Лесковица го „повторија“ убиството кај Универзална
Полициско обезбедување, затворена улица, специјалци и двајцата обвинети за убиството кај Универзална сала, Хаџибулиќ и Лесковица со лисици на рацете
Во вторникот во центарот на Скопје имаше идентична слика како пред десет месеци, кога се случи убиството кај Универзална сала.По барање на судот се реконструираше убиството пред Универзална сала кое се случи на 15 март пред кафе–барот „Карма“, кога беше убиен триесет и четири годишниот Мирсан Криешторац.Се утврдуваа точките на раздалеченост меѓу актерите на настанот, се правеше фото-албум кој ќе се спореди со фото-албумот кој бил направен на денот на убиството.Адвокатите на обвинетите велат дека денешната реконструкција се совпаѓа со изјавите на Хаџибулиќ дадени во истражата постапка, како и со она што го кажал Кучевиц.На кобниот ден Харун Хаџибулиќ и Јасмин Лесковица одлучиле да го завршат партнерството за отворање стриптиз бар заедно со Кенан Кучевиц и Мирсан Криешторац.Крај на бизнисот му ставија со убиство. Според обвинението, двајцата го претепале Кучевиц, а Јасмин испразнил цел шаржер во телото на Криешторац. Но по убиството, двајцата не избегаа далеку. Полицијата ги уапси само на неколку чекори од влезот каде што беше застрелан Мирсан. Сега Лесковица е пред суд за убиство, а Хаџибулиќ за помагање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.