Црна хроника
Претепан вработен во Градски паркинг

Стружанец во петокот претепал вработен на паркинг во центарот на Скопје, бидејќи возило, што претходно го оставил на паркингот, му било оштетено
Инцидентот бил пријавен во блиската полициска станица „Беко“ од страна на вработениот на паркингот.По преземени мерки констатирано е дека физичкиот напад го извршил А.К.(37) од Струга, поради тоа што сметал дека ПМВ„БМВ“ со охридски регистерски ознаки што претходно го оставил на паркингот било оштетено од непознато лице, а М.Т. требало да го обезбедува и да одговара за возилото додека е паркирано на паркингот. Притоа М.Т се здобил со повеќе удари со тупаници нападнат со тупаници во пределот на грбот и главата, по што паднал на земја.Против А.К. во врска со тоа е поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.
Црна хроника
Прегазено седумгодишно дете во Скопје

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.