Црна хроника
Приведен осомничен за убиството во Куманово
Кумановската полиција попладнево објави дека е приведено осомничено лице, во врска со вчерашното убиство на сопственикот на менувачницата „Дај Дам“.
Според првичните информации, убиството го извршило дваесет идвегодишно момче, кому на местото на злосторството му испаднал мобилниот телефон.При извршените вештачења е потврдено присуство на нитратни честички на неговата облека, а неговите отпечатоци се совпаѓаат со трагите подигнати од местото на настанот. Полицијата продолжува да трага по украдените околу 40 илјади евра, а истражува и дали осомничениот имал соучесници.Станува збор за 22-годишниот Рамиз З. од Куманово којзасега е единствениот осомничен за убиството на 62-годишниот Бранко Петрушевски, сопственик на кумановската менувачницата „Дај-Дам“. во саботата. Се очекува Рамиз во текот на денот заедно со кривична пријава за убиство од користољубие да биде предаден на Основното јавно обвинителство во Куманово.Меѓутоа, како што се дознава од полициски извори, во кумановската полиција се приведени уште неколку лица и се врши распит за нивна евентулана вмешаност во организираниот грабеж.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.
Црна хроника
Вработен во фабрика за медицински канабис во Охрид фатен со дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите на МВР, при излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш.
Црна хроника
Ограбено финансиско друштво во Гази Баба, разбојникот ја скршил влезната врата
Разбојник ја скршил влезната врата на финансиско друштво во Скопје, влегол внатре и украл пари.
Вчера околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

