Црна хроника
„Хакер“ во спортска обложувалница во Велес
Велешанец заработи кривична пријава откако упаднал во компјутерскиот систем во спортската обложувалница во која работел
Дваесет и седумгодишниот хакер од 2009 година бил вработен во спортската обложувалница „Глобал-код“. Во декември лани, откако претходно го дознал пасвордот на администраторот на компјутерот, по завршувањето на спортските натпревари, го исклучил интернет кабелот за да не се покаже промената на времето на главниот сервер и уплатил еден талон со типови од натпревари кои завршиле и за кои ги знаел резултатите.Уплатата на ливчето во компјутерот била евидентирана со време пред почетокот на натпреварите. Го отпечатил уплатениот талон, влегол во компјутерот го вратил времето и повторно го вклучил кабелот за интернет. Истото го направил и неколку дена подоцна со ново уплатена сума, па така и со првото и со второто уплатено ливче си исплатил добивка од 20 илјади денари.За прекинот на интернет врската на компјутерот со главниот сервер бил известен раководителот на обложувалницата во централата од Скопје. Тој го пријавил случајот во полиција. Осомничениот бил повикан во просториите на СВР Велес на разговор каде го признал стореното дело.Против Д.Л. СВР Велес до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Навлегување во компјутерски систем“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

