Црна хроника
Сејдиу сака во Идризово за да си ја гледа болната сопруга
Судскиот совет во Основниот суд 1 во Скопје одлучи :12 години затвор , да остане мерката притвор и да се конфискува имот на тутунскиот бос Бајруш Сејдии. Судот денеска ја соопшти првостепената пресуда за случајот „Пепел 2“
Според пресудата, Бајруш Сејдиу за кривично дело перење пари доби затворска казна од десет години , а за кривично дело насилство 3, по што спред Законот за крвична постапка му беше утврдена единствена затворска казна од 12 години. Осуден е за финансиски малверзации со пари и имот од неколку кумановски гигантски фирми меѓу кои и „Жито Мел“. За малверзациите одговараа 14 -мина. Осум беа во притвор , двајца во домашен притвор , стечајна судијка се бранеше од слобода, а еден од обвинетите е во бегство. Второобвинетиот доби 15 години затвор за изнуда и други кривични дела, а останатите обвинети од две до 13-годишни затворски казни.Судот при изрекувањето на пресудата даде образложение дека одлуката била тешка задача оти предметот бил обемен и имало огромен материјал . По прегледувањето и анализата на материјалот судот се убедил дека сега осудените биле свесни и сакале да ги извршат кривичните дела. За да ги остварат своите намери се служеле и со насилство. Со лажни и криминални стечаи продавале фирми и имот за кои крајниот купувач не знаел дека е стекнат на криминален начин.По изрекувањето на пресудите Бајруш побара од судот да биде пуштен да се брани од слобода или да биде веднаш префрлен во затворот во Идризово. Поради тешките услови за живот во истражниот затвор Скопје во Шутка Бајруш, кој таму се наоѓа две повеќе од две години, се пожали дека не може често да се среќава со сопругата и децата.„Сопругата е многу болна и оперирана од рак , а децата не можам да ги гледам. Затоа сакам да одам во Идризово”, побара Бајруш од судот. Судиите по кратко советување одлучија притворот за сите обвинети да остане до правосилност на пресудата.Еден од обвинетите се пожали дека одлуката била политичка , противзаконска и неуставна. Судијата го слушаше неколку минути, но кога обвинетиот почна да зборува за судијата го прекина.Судијата еден час читаше колку пари, куќи, имот жито ќе се заплени од обвинетите. Исто така сите приватизации и стечаи по правосилност на пресудата ќе се поништат. Вредноста на запленетиот имот се проценува на неколку милиони евра. Обвинителот на овој случај не знаеше да каже колку е вреден имот што би се запленил. Адвокатите најавија жалби пред Апелациониот суд во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

