Црна хроника
Разбојници украле околу 400.000 евра од старица во Битола
Тројца разбојници вчера нападнале и ограбиле осумдесетгодишна старица во Битола, соопштуваат од СВР Битола. Разбојниците завршиле со богат плен од неколку стотини илјади евра.
Според полициските информации, вчера утрото околу 8 часот разбојниците заѕвониле во станот на старицата и и рекле дека треба да и достават сметка за канализација.Кога ја отворила вратата, тројцата разбојници упаднале во станот и ја турнале старицата на каучот во дневната соба. Почнале да и се закануваат и да и бараат пари.Едниот од нив ја држел, а другите двајца пребарувале во спалната соба. Во собата, каде што стоела постелнината нашле денари, евра, американски долари, сè вкупно околу 400.000 евра.Крадците ги ставиле парите во торба и избегале. Старицата го пријавила случајот во полиција и рекла дека разбојниците ниту биле маскирани, ниту пак, носеле ракавици, но сè уште не дала нивен детален опис.Неофицијално, старицата и нејзиниот маж, кој починал пред околу 15 години, биле на печалба во Германија, каде што заработиле многу пари.Откако починал мажот и, старицата живеела сама, бидејќи немала деца. Старицата која била неписмена, имала заробени девизи во банките кои ги повлекувала на одреден период и земала околу 600, 700 евра германска пензија. Полицијата го испитува случајот и трага по разбојниците кои ја нападнаа старицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.