Црна хроника
Експлозија на автомобил во Кочани
Автомобил „мерцедес“ со бугарски регистерски таблици утрово околу 6 часот експлодира пред куќата на сопственикот, соопштуваат од МВР
Повредени нема, се уште се врши увид и се утврдува материјална штета.Експлозијата се случила на улицата Гоце Делчев, пред куќата на триесети двегодишен кочанчанец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Планинар паднал на тешко пристапен терен на Бистра
Вчера во ОВР Кичево е пријавено дека В.М.(41) од Кичево при планинарење на планината Бистра, паднал во тешко пристапен терен над селото Лавчани.
На повредениот, прва помош му пружиле жители на истото село кои со коњ го пренеле до селото Лавчани, од каде бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа на патот кај Виница, еден со тешки телесни повреди и пет повредени од кои две малолетни лица
Вчера во 20.41 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница – с.Смојмирово, во близина на место викано „Пекланска крстосница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат алтеа“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(49) од с.Црник, пехчевско и патничко возило „сузуки гранд витара“ со винички регистарски ознаки, управувано од Л.А.(53) од Виница.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Л.А., а со телесни повреди се здобиле возачот С.Р. и неговите сопатници Ќ.У.(23), Ј.Г.(45) и двајца малолетници, сите од с.Црник, пехчевско, констатирани во Општата болница Кочани.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
Црна хроника
Негувателка од Велес им давала да пробуваат електронски цигари на деца, доби забрана за вршење професија за пет години
Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда против негователката во градинка – Злоупотреба на службената положба и овластување 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од 5 години по правосилноста на пресудата. Надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на пресудата поради одлуката за кривичната санкција.