Црна хроника
Цело семејство изнудувало пари за сопственик на ресторан
Акцијата на полицијата со оперативна обработка „Виторија“ заврши со апсење и притворање на осуммина од кои двајца полициски службеници
Осомничени се за насилство и изнуда кое го вршеле две години. Од две лица успеале да земат околу 16.000 евра, а во други три случаи во тек било изнудување на повеќе милиони денари.Организатор на криминалната група бил сопственик на ресторанот „Виторија“ во Скопје, стапува во деловна соработка со лица сопственици на фирми со кои договара различни видови „бизнис зделки“ (најчесто договорите се усмени) и откако истите ќе ја сработат договорената работа, им кажувал дека не е задоволен од сработеното и дека за „штетата“ што тие му ја направиле им наложувал да му исплатат одреден нереален паричен надомест кој тој ќе го одреди, со што бизнис партнерите му станувале „должници“.За наплата на „долгот“ го ангажирал цело семејство, мајка, татко и син кои поставувале бомби, подметнувале пожари, грабнувале луѓе за да го наплатат наводниот долг. Досега е докажано дека во јануари годинава скопјанец се криел од бандата поради наводен долг од 30.000 евра. Насилниците ја грабнале неговата сопруга заедно со малолетниот син и присилно ја држеле во стан. Цело време ја терале жената да се јавува по роднини и пријатели за да собере пари.Осомничените подметнале бомба под автомобил на државјанин од Србија. Бомбата се откачила во моментот на движење на возилото и експлодирала на улица при што едно лице е повредено и е причинета материјална штета на околните дуќани. Насилниците барале пари за изработка на опрема за производство на пиво и истиот да му ја опреми пиварата во Куманово во вредност од 60 илјади евра. Откако работата била завршена му биле дадени 48.750 евра, а за доплата на сумата му дал џип (кој не бил целосно исплатен кон лизинг компанијата). Потоа еден од насилниците кажал дека наводно не бил задоволен од работата и си ги барал парите и џипот назад. Оштетениот се спротивставил по што почнале заканите и била подметната бомбата.Сопственикот на ресторанот договорил изработка на тенда за 10 илајди евра. Откако му била намонтирана тендата по истата шема насилникот кажал дека е незадоволен и почнувало малтретирањето. Повторно била ставена бомба, но сега пред вратата од станот на оштетениот. И оваа бомба екслодирала додека семејството било дома.На истиот начин биле уценувани скопјани за пари за бизнис за компјутери.Насилниците незадоволни од тоа што не успеале да добијат тендер го натепале претседателот на Управниот одбор на Здружението на архитекти со дрвена безбол палка од зад грб, удирајќи го во пределот на тилот, грбот, нозете.Насилниците се во притвор, а полицијата случаите ги има документирано со примена на посебни истражни мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

