Црна хроника
246 сообраќајни прекршоци во Скопје, 71 за недавање предност на пешаци
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (9.2.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на Град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 71 мерка за недавање предност на пешаци, 17 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за нерегистрирани возила, шест за возење под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 61 за непрописно паркирање.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепал сопругата и мајка си: насилство во Скопје
Во полициската станица Кисела Вода вчера во 12.15 часот бил извршен службен разговор со К.С.(39) од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, тој физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и неговата 60-годишна мајка.
Надлежните соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Починат скопјанец пронајден во просториите во кои работел
Вчера во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пронајден е починат вработениот З.А.(57) од с.Мралино, општина Илинден.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Топ
Уапсен кумановец на Табановце, шверцувал стари монети
Полицијата уапси кумановец на Граничниот премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени стари монети.
Вчера во 20:18 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово. При гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди.
Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 266Б од Кривичниот законик – „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости“.

