Црна хроника
Дванаесет години затвор за убиство кај Универзална
Јасмин Лесковица е осуден на 12 години затвор за убиство кај Универзална сала во Скопје. За истиот настан, но за насилство, му се судеше на Харун Хаџибулиќ кој доби една и пол година затвор
Ова е одлуката на судскиот совет во Основниот суд 1 во Скопје. „Сега ако си задоволен може да се смееш” , му кажа по пресудата Јасмин Лесковица на Хаџибулиќ. Пресудата најтешко ја доживеа таткото на Лесковица кој обвини дека пресудата е изнудена и дека неговиот син е наместен од адвокатот на Хаџибулиќ. Пред судот таткото на осудениот му се закануваше на адвокатот.„Се гледа дека се исплашени дека некој им се заканувал дека пресудата е местена. Очекувавме ослободителна пресуда оти нема никакви докази”, рече таткото на Лесковица. Додека адвокатот на Харун Хаџибулиќ даваше изјава за медиумите, тој му се доближи и почна да го навредува. По кратко кошкање сите си заминаа. Лесковица е осуден за убиство на Мирсад Кријешторац. Во зградата пред Универзална сала требало да биде отворен стриптиз бар на Кријешторац, Лесковица и Хаџибулиќ. На 15-ти март минатата година пред влезот на зградата тројцата се скарале и биле испукани пет куршуми со кои бил убиен Криешторац. Сега осудените се бранеа дека биле нападнати и дека се пукало во самоодбрана. Дел од сведоците се плашеа да сведочат оти имале закани за што писмено ја известија судиката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

