Црна хроника
Вработена во МВР си бришела административни забрани за кредити
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против Ј.Г. вработена во МВР, осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластувања
Според пријавата таа извршила бришење на нејзини кредити и административни забрани од плата. На тој начин пријавената го одбегнала отплаќањето на кредитите. Пријавената подигнала кредит пред 6 години во износ од 110.000 денари а еден од жирантите и била М.Р. исто така вработена во МВР. Врз основа на административна забрана се вршеле задршки за ратите од нејзината плата се до јануари 2007 година. Тогаш пријавената, со намера да не и се запира дел од платата за отплата на кредитот ги злоупотребила службените овластувања и извршила промени во компјутерската евиденција на кредитите во МВР и ја избришала административната забрана.Покрај ова Ј.Г. зела кредит во износ од 349.800 денари каде што исто така еден од жирантите и била М.Р. Бидејќи пријавената не исполнувала обврската за отплаќање на кредитот во 2008 година банката до МВР доставила акт за активирање на административна забрана. По направената контрола на референтот за кредити, во април 2010 година, откриено е дека предметниот кредит од платата на пријавената бил префрлен на платата на нејзиниот сопруг (кој исто така е вработен во МВР). Референтот за кредити повторно го вратил кредитот на платата на Ј.Г. а пак таа повторно го избришала внесениот кредит и уште еднаш го префрлила на платата на нејзиниот сопруг. Покрај овие два кредита пријавената зела кредит во висина од 100.000 денари и од уште една банка каде што како жирант повторно се јавува М.Р. Поради тоа што Ј.Г. не ги отплаќала кредитите банките поднеле до Основниот суд Скопје 2 тужби против Ј.Г. и нејзиниот жирант М.Р.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

