Црна хроника
Стручна комисија имала забелешки за „Илинден“, а тој редовно бил регистриран
Со распит на сведоци во Основниот суд во Охрид денеска продолжи судскиот процес за бродската несреќа што на 5-ти септември се случи во Охридското Езеро, во која животот го загубија 15 бугарски туристи, јавува OhridNews
Пред судот прв сведочеше нуркачот Горан Балески, кој заедно со колеги од Охрид бил ангажиран во извлекувањето на жртвите од несреќата. Тој кажа во каква состојба бил пронајден бродот „Илинден“ кој потона на длабочина од 4-5 метри.Исказ пред судот даде и поранешниот капетан, Златан Клечкароски. Тој кажа дека добро го познава бродот „Илинден“, кој до 1962 година бил регистриран за 60 патници, а по реконструкцијата, бројот на патници бил намален на 43. Тој истакна дека при контрола на Комисијата за утврдување на техничка исправност во 2003 година на капетанот Сотир Филески му било посочено дека треба да се изврши испитување на статиката, односно стабилноста на бродот, до кога на „Илинден“ не треба да се превезуваат патници на клупите на задната горна палуба, на што како што истакна поранешниот раководител на охридската Капетанија, Филески се придржувал. Клечкароски во пензија замина на 31-ви јануари 2006 година. Тој истакна дека во тој период ниту еден брод на Охридското Езеро не бил регистриран, и се огради од одговорност бидејќи по неговото заминување во пензија е донесен нов закон за внатрешна пловидба.Исказот на сведокот Клечкароски го оспори одбраната на Филески, од каде истакнаа дека не постои официјален документ кој се однесува на наведените забелешки околу стабилноста на бродот и дека изјавата е дадена во насока да се избегне било каква одговорност на Капетанијата.Доколку имало конкретни сознанија за нарушена стабилност требало да се издаде забрана за пловидба на бродот „Илинден“, што не се случило, туку напротив пловниот објект уредно и редовно бил регистриран“, изјави адвокатот Димитрија Цобоски.И поранешниот капетан на бродот „Илинден“, Петар Василески, во исказот пред судот негираше дека некогаш имало забелешка за стабилноста на бродот.Единствена забелешка беше околу бројот на појаси кои ги имаше 43, поради што на толку беше намален капацитетот на бродот, кој претходно изнесуваше 60“, рече Василески.Тој истакна дека Сотир Филески бил исклучително одговорен и посветен на бродот, кој редовно го контролирал и одржувал.Во улога на сведоци пред судот се појавија и сопственикот на бродот „Александрија“, Зоран Гилески и капетанот на бродот „Кристина“, чии посади учествуваа во спасување на преживеаните од несреќата. Тие истакнаа дека техничкиот преглед на бродовите кој го вршел овластениот претставник на германски „Лојд“, Бранко Бајиќ, инаку второобвинет во случајот, не се разликувал од другите прегледи.Денешното рочиште за потонувањето на бродот „Илинден“ се заокружува со распит на Владо Устијаноски, кој бил дел од екипажот критичниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

