Црна хроника
Петмина приведени за фалисфикување зелени картони
Пет лица се приведени на граница со фалсификувани зелени картони и против нив се поднесени кривични пријави зашто се обиделе да го поминат граничниот премин „Богородица“ со фалсификувани зелени картони
Според полициските информации, при проверката на документите на граничниот премин доставиле зелени картони или меѓународни карти за осигурување на автомобили издадени од неколку различни осигурителни друштва.По направените проверки од страна на полициските службеници утврдено било дека зелените картони не биле оригинални како обрасци, односно ги немале заштитните знаци на хартијата.Според статистичките податоци, во текот на минатата година на граничните премини се откриени 48 фалсификувани зелени картониВо првите два месеца од оваа година пак, од страна на полициските службеници на граничните премини биле откриени 98 фалсификувани обрасци . Македонските граѓани за својот автомобил еден месец за зелен картон плаќаат 2.450 денари, за три месеци – 3.670 денари, за шест 5.500 денари додека годишен зелен картон чини 9.760 денари. Овие цени во зависност од брокерот на осигурителната компанија на црно се движат од 20 евра за зелен картон со важност од еден месец и од педесет до седумдесет евра за годишен зелен картон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

