Црна хроника
Грк истепал полицаец на граничниот премин „Богородица“

Грчки државјанин во саботата попладне нападнал и повредил македонски полицаец на граничниот премин „Богородица“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи
Дваесет ичетиригодишниот Грк со уште двајца сопатници во автомобилот „мицубиши“ сакал да влезе во Македонија без зелен картон. Полицискиот службеник не му дозволил влез во земјава и му објаснил дека единствено може да влезат во Македонија ако набават гранично осигурување или како пешаци.Гркот револтиран, го паркирал возилото во близина на кабините каде што се врши гранична контрола. Полицаецот му рекол да го препаркира автомобилот односно да се врати во Грција. Гркот почнал да се расправа со полицаецот, физички го нападнал и почна да го удира со двете раце во пределот на градниот кош. Притоа полицаецот паднал на задниот дел од телото – грбот и главата ги удрил во ивицата од кабината која била од мермер и паднал во бессознание. Полицаецот бил пренесен во медицинскиот центар во Гевгелија, а грчкиот државјанин бил приведен.Во саботата бил нападнат и уште еден полицаец, овој пат во Куманово. Пијан кумановец натепал полицаец во неговата семејна куќа во селото Тромеѓа.Пред нападот кумановецот со двајца другари почнале да се расправаат со обезбедувањето на кафе барот „Тунел“ бидејќи не им дозволиле да влезат внатре. Момчињата биле приведени во полиција, но за кратко време биле пуштени дома.За да му се одмазди на еден од полицајците кои го привеле, кумановецот отишол во неговата куќа и почнал да тропа на влезната врата и да се заканува на домашните дека ќе ги убие.Братот на полицаецот го пријавил случајот, но при интервенцијата полицаецот бил нападнат со тупаници по главата и телото. Против кумановецот ќе следува пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Беровци во продавница правеле прослава, пријава за 14 лица

Полицијата поднесе кривична пријава против 14 лица од беровското село Двориште затоа што за Стара Нова година, односно Василица, биле затекнати на прослава во продавница.
Според информациите на МВР, кривична пријава е поднесена против Ј. К. (40), Х. М. (21), К. С. (41), Д. К. (54), Д. М. (43), С. К. (37), З. Ч. (40), Т. К. (31), П. К. (58), Б. П. (30), Б. К. (25), Н. Џ. (22), Д. Џ. (26) и Т. К. (40), сите од село Двориште, Беровско, за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
„Пријавените, на 13 јануари, околу 1 часот по полноќ, во продавница во селото Двориште организирале прослава во затворен простор, со што постапиле спротивно на здравствените прописите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување ширење на заразната болест Ковид-19“, соопшти МВР.
Црна хроника
82 санкции за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

Во текот на вчерашниот ден (4.3.2021) мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 82 возила.
Од нив, девет се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
Црна хроника
Тешко повреден тетовец, кој со автомобил излетал од патот

Педесет и двегодишен тетовец е тешко повреден кога синоќа со автомобил „опел корса“ излетал од автопатот Гостивар – Тетово.
Во незгодата возачот добил тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар во Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Тетово.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“