Црна хроника
Одложена презентацијата на вештачењето пред осомничените од „Пајажина“
Презентацијата на вештачењето на документите пред осомничените од случајот „Пајажина“ попладнево е одложено. Потребно било повеќе време за да се докомплетира документацијата
„Денеска го одложивме вештачењето. Мораше да се одложи од причина што имаше некои формални недостатоци во самата процедура, во самата постапка за закажување на вештачење. Три обемни наредби кои неопходно бараа претходна консултација и со обвинетите, од кои поголем дел се во притвор и со одбраната и со вештите лица. И вештите лица денеска се согласија дека е потребно повеќе време за да ја докомплетираат целосно документацијата“ рече адвокатот на обвинетите од случајот „Пајажина“, Мирослав Вуиќ.Утрово сите притворени од „Пајажина“ беа донесени пред истражен судија и оние кои се наоѓаат во Шутка и оние кои беа пуштени во домашен притвор. Вештаци од Бирото за вештачење денеска требаше да им ги презентираат доказите на сите осомничени.Адвокатот на притворените не очекува ниту со вештачењето да се утврди вистинската сума за која што се товарат обвинетите.„Јас не очекувам ни ова вештачење да ја утврди вистинската сума, затоа што во јавноста и овде во предметот се тресат суми од ракав. Досега навистина немаме ниеден показател врз основ на што и како се утврдени тие суми и мислам дека вештите лица ќе имаат навистина тешка задача да го соберат тоа и евентуално да дојдат до некој износ“ вели Вуиќ.Одлука за одмрзнувањето на сметките од фирмите на „Перо Наков“ се уште нема. Одбраната бара овој случај да не биде политизиран.„Не би сакал да го коментирам тоа, меѓутоа цело време провејува политичка доза во целиот овој предмет. Мене лично ми смета да биде политизиран целиот овој предмет и не би сакал да биде, меѓутоа очигледно е дека се користи за такви цели“ изјави Вуиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

