Црна хроника
Приведени киднаперите на братучедите Бајрами- од нив се уште нема трага
Полицијата по 13 месеци ги приведе киднаперите на двајцата братучеди Иљаз и Исмаил Бајрами, кои беа киднапирани пред слаткарницата „Берн“ во трговскиот центар „Чаирчанка“во април минатата година.
Приведена е седумчлена група од кои четворица се од исто семејство. Според полицијата, во април, киднаперите со удари од кундаци на огнено оружје и закани, ги ставиле братучедите, во автомобил „Фолксваген туарег“ со скопски регистерски таблички и во автомобил „шевролет – каптива“ и ги однесле во непознат правец. Досега нема ни трага ни глас од киднапираните братучеди. Се започнало кога киднаперите околу 21:30 часот на 1 април дошле пред слаткарницата „Берн“ со „фолксваген – туарег“, “шевролет-каптива“ и “голф 3“ со темна боја. Излегле од автомобилите и се сретнале со двајцата братучеди кои таму стигнале со „БМВ-520“.Пред слаткарницата започнале расправија која прераснала во напад. Осомничените извадиле од возилата автоматски пушки и метални прачки и ги нападнале двајцата братучеди, удирајќи ги по телото и главата. Ги ставиле двајцата братучеди во автомобилите и заминале кон скопската населба Бутел. Нивното возило го зел еден од осомничените. Другиот ден случајот го пријавиле родителите на двајцата киднапирани. На 4-ти, истиот месец полицијата го пронајде возилото на киднапираните и е предадено на вештачење. Овој месец биле извршени претреси во домовите на осомничените. За едниот од осомничените потврдено е дека во Австрија е фатен при крадење во банка каде моментално ја издржува казната„Од извршениот претрес пронајдени се и одземени следниве предмети: шест разни моторни возила, моторцикл „кавасаки“, 20 телефонски апарати, 20 сим картички, три метални палки на расклопување, два двогледа, УСБ, компјутери, нож, прашкаста материја, печати, службена легитимација од царина, ловна пушка и други предмети кои ќе бидат предадени во Одделението за крим-техника на Министерството за внатрешни работи за вештачење“ се вели во соопштението на МВР.Сите осомничени претходно биле пријавувани за повеќе кривични дела, разбојништва, убиство, грабнување
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
60-годишна жена натепана на автобуска постојка
Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје, З.А.(60) од Скопје пријави дека на 12.02.2026 во 06:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно женско лице физички ја нападнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со возило се обидел да удри работници
Во СВР Скопје на 14 февруари 2026 година во 20:00 часот било пријавено дека неколку часа претходно се случил сериозен инцидент на градилиште на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата од Н.К. од Скопје, околу 14:15 часот, И.Д. од Скопје најпрво им се заканувал на двајца вработени кои работеле на објект во изградба. По вербалните закани, тој го стартувал патничкото возило „форд“ и се обидел да ги удри, но во тоа не успеал.
Потоа, со возилото удрил во автомобил „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, кој бил паркиран пред објектот. Од силината на ударот, „сеатот“ се придвижил и удрил во друго паркирано возило „фолксваген поло“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Кривична пријава против сопственик и фирма од Делчево поради пожар со 30 гости во објектот
МВР поднесе кривична пријава против правно лице од Делчево и неговиот сопственик Н.Д. (35), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно поради пожар, кој избувнал на 1 јануари 2026 година, во момент кога во неговиот објект биле сместени околу 30 гости и довел до сериозна опасност за нивниот живот и здравје, информира полицијата.
Според полицијата, неправилностите во изградбата и непочитувањето на безбедносните стандарди директно придонеле за ризикот од поголеми последици.
-Пријавените не ги почитувале законските одредби за изградба на објект, предвидени во член 68 и член 70 од Законот за заштита и спасување, односно не обезбедиле проект за објектот, одобрение за градење од надлежниот државен орган и согласност на елаборатот за заштита од пожари и експлозивни материи и извршувале дејност без соодветна документација и без да биде евидентиран објектот во Агенцијата за катастар на недвижности, се наведува во соопштението.

