Црна хроника
Проширена истрагата за Пајажина- се вештачат запленети компјутери
Истрагата со сослушување на вешти лица ангажирани за предметот Пајажина, денес кратко траеше. Поради барања на одбраната да и бидат доставени сите документи и докази околу проширувањето на истрагата истражниот судија анализата на вештаците ја презакажа за понеделник
Во дополнувањето на истрагата меѓу другото било наредено и вештачење на запленетите компјутери за што одбраната не била во можност да се произнесе.Во истражното одделение вторпат од истражниот затвор “Скопје” и од куќен притвор се носат притворените за случајот во кој сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски и управители на фирми на улицата Перо Наков се осомничени за перење пари и даночно затајување. Првото излагање на вештаците беше одложено поради процедурални пречки.Притворените во овој дел од постапката се носат во судот бидејќи треба да дадат појаснување на документи кои ќе им бидат презентирани од вештаците. Потоа документацијата повторно ќе биде вештачена.Додека трае истрагата се чека и одлуката на Кривичниот Совет за замрзнатите сметки на А1 и другите фирми.Обвинителката Гордана Гешковска предложила сослушување на уште четири сведоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

