Црна хроника
Приведен трауматолог за примање поткуп
Уапсен е 62-годишен трауматолог од Клиниката за трауматологија при Клиничкиот центар во Скопје поради барање на поткуп од илјада евра, информираат од Министерството за внатрешни работи
Лекарот поткупот го побарал од татко на девојка која била оперирана од лекарот по преживеана тешка сообраќајна несреќа. Лекарот ветил дека по завршувањето на лекувањето, во извештајот ќе внесе потешка дијагноза, со цел девојката да добие поголем паричен надоместок по основ на осигурување. Лекарот побарал парите да му бидат исплатени на три рати. Првата рата во висина од 400 евра лекарот ја добил вчера на средба со родителот на девојката во неговиот кабинет. По претходна одлука на Истражен судија, кабинетот на лекарот е претресен и парите биле пронајдени во неговата чанта.Осомничениот лекар е предаден на надлежен истражен судија за понатамошна постапка
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

