Црна хроника
Покренато обвинение против Рамковски и за уште 22 осомничени
Основното јавно обвинителство за организиран криминал вчера поднело обвинение против Велија Рамковски, сопственикот на А1 телевизија и уште 22 лица за злосторничко здружување, перење пари, злоупотреба на службената положба и овластување, даночно затајување и оштетување на доверители
Обвинителството го товари Велија Рамковски, за основање на 24 фирми во Македонија и странство кои биле раководени од членовите на злосторничкото здружување и биле ставени во функција во зависност од потребите на членовите.Исто лице се појавувало како основач на повеќе фирми, управителите постојано се менувале. Според Обвинителството, доказ дека сите овие фирми биле меѓусебно поврзани говорел фактот што тројца од обвинетите биле овластени потписници за сите фирми.Според материјалните докази и превземените истражни мерки, една од фирмите во која имало тројца вработени на име изработка сценарија и режија за проекти и тоа документарни филмови, забавни, дебатни и контактни емисии до телевизијата доставиле фактури во износ од 3 милиони евра, кои биле книжени и за овој износ медиумот невистинито ги зголемил расходите и го одбегнал плаќањето на соодветни даноци.Според обвинението, исто така се исплаќале големи износи на име плати за вработените, главно во телевизијата, а притоа биле пријавувани на минимални износи на кои бил плаќан данок и придонеси, а во готово на новинарите и другите вработени им биле исплаќани многу поголеми износи, без да се плати данок за овие давачки.Во обвинението се опфатени и злоупотребите при плаќањето односно неплаќањето на рекламите, исплаќањето на огромни средства во износ од околу 430 илјади евра од медиумот на приватните сметки на Рамковски и членовите на неговото семејство кои воопшто не биле вработени во телевизијата.Според обвинението, градењето на дивоградбата во која живее Рамковски и неговото семејство во Нерези била платена од сметката на телевизијата во износ од околу 270 илјади евра, а било прикажано дека се вршат градежни работи за телевизијата.Се переле пари преку повеќекратно плаќање на исти веќе претходно платени фактури и тоа на странски фирми кои според обвинителството биле раководени од злосторничко здружение.Била извршена исплата од една од фирмите регистрирана како книговодствено биро на еден од пишаните медиуми за наводно рекламирање во износ од околу 880 илјади евра,Исплаќањето на платите во готово, на вработените во пишаните медиуми, собирањето на дневниот пазар во готовина, која никаде не била прикажувана.Во соопштението до јавноста, обвинителството соопштува дека додека работеле на овој предмет биле изложени и се уште се изложени на невиден притисок од страна на медиумите на „Перо Наков“.„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја извести јавноста дека нема да подлегне на притисоците од било кој вид и дека ќе продолжи како и досега одговорно и законито да ги извршува своите обврски во гонењето на најсериозните облици на криминал во нашата земја“ се вели во соопштението на јавното обвинителство за организиран криминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

