Црна хроника
25 санкционирани возачи за затемнети стакла

Во периодот од 4.10.2021 до 11.10.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање возила на кои им се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), при што санкционирани се 25 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична за кратовчанка: нејзиното куче каснало дете на улица

Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против С.Ј.(49) од селото Крилатица, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
„Пријавената, на 09.11.2023 во с.Крилатица, го пуштила своето куче без надзор и без маска надвор од својата куќа, при што каснало малолетник од селото“, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Затвореник од „Шутка“ итно префрлен на клиника каде што починал

Гостиварец кој бил во затворот Скопје во Шуто Оризари почина на комплексот клини Мајка Тереза.
„На 04.12.2023 во 07.43 часот во СВР Скопје била пријавено дека во 06.30 часот од Казнено-поправната установа Затвор Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со здравствени проблеми бил донесен Л.Ф.(1962) од Гостивар. Во 07.55 часот лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Жена нападната од нејзиниот сосед во Аеродром

Жена пријавила дека била нападната од нејзин сосед во скопската населба Аеродром.
„Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Р.(42) од Скопје пријавила дека околу 07.30 часот на подрачје на Аеродром била физички нападната од нејзиниот сосед Д.С.(53) од Скопје, кој се обидел да ја нападне и со остар предмет“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.