Црна хроника
Притвор за второосомичениот за убиството во ГУЦ, по убиецот се трага
Истражен судија му одреди петнаесетдневен притвор на второосомничениот за насилство, а по шеснаесетгодишниот осомничен за убиството во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ полицијата сѐ уште трага
Според полицијата, причините за инцидентот биле банални. Ученикот кој го преживеа нападот, седумнаесетгодишниот Дарко имал недоразбирања со второосомничениот кој сега е во притвор и кој исто така е ученик во ГУЦ. И двајцата осомничени се од македонска националност.Пред неколку недели второосомничениот го нападнал Дарко пред неговата девојка со шамари во населбата каде што живее. На денот кога се случи убиството, се виделе во училиштето и почнале меѓусебно да се провоцираат. По извесно време второосомничениот се вратил во училиштето со уште едно лице, кое сега е осомничено за убиство и во училишниот двор со тупаници и клоци го нападнал Дарко кој почнал да бега кон влезната врата во училишната зграда. Во меѓувреме Мухамед Али Јашари се стрчал да му помогне на Дарко.Обезбедувањето на училиштето го забележало инцидентот и тргнале кон напаѓачите. Тие почнале да бегаат, а еден од нив, кој сега е во бегство замавнал кон Јашари со предмет кој бил сличен на метална шипка. Од ударот Јашари паднал на земјата, а напаѓачите избегале.Веднаш по смртта на детето од Ургентниот центар изјавија дека детето било примено со удари во главата од тап предмет и дека кога било примено немало пулс. По инцидентот во медиумите се појавија информации дека, детето боледувало од ретка болест, која би можела да биде причина за неговата смрт. Од Судска медицина велат дека ова не се нивни информации и дека точните причини на смртта на детето утре ќе ги соопшти истражниот судија.Деветнаесетгодишниот Мухамед Али Јашари од Кондово во петокот се обиде да го спаси својот соученик – Македонец, но смртно настрада. Од почетокот на годинава неколкумина ученици беа прободени со нож по училиштата низ Скопје. Градот Скопје воведе и физичко обезбедување во училиштата, видео надзори и дежурни наставници, но и покрај ова трагедијата не беше избегната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

