Црна хроника
Со секира нападнат скопјанец и неговото семејство
Во Скопје на ул.„Зендел Џемаил“ во семејната куќа на О.Б. (45), упаднале четири лица кој го нападанале со секира
Сторителите насилно влегле во куќата каде бил О.Б. со семејството, веднаш почнале да ги удираат со секира и други тврди предмети во пределот на главата и телото. Исто така ги оштетиле и влезната врата и прозорите, по што побегнале.Поради здобиени повреди О.Б. бил однесен во Градската болница во Скопје и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Во врска со насилството полицијата ги привела М.С. (22) , Ј.Б. (23), Р.Ј. (60) и А.Ј. (23) сите од Скопје. Тие биле приведени бидејки постојат сознанија според кои го нападнале О.Б. поради претходни меѓусебни недоразбирања. По целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепал сопругата и мајка си: насилство во Скопје
Во полициската станица Кисела Вода вчера во 12.15 часот бил извршен службен разговор со К.С.(39) од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, тој физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и неговата 60-годишна мајка.
Надлежните соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Починат скопјанец пронајден во просториите во кои работел
Вчера во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пронајден е починат вработениот З.А.(57) од с.Мралино, општина Илинден.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Топ
Уапсен кумановец на Табановце, шверцувал стари монети
Полицијата уапси кумановец на Граничниот премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени стари монети.
Вчера во 20:18 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово. При гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди.
Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 266Б од Кривичниот законик – „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости“.

